Ана Дангова Хуг е предложена како нов кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од Македонија.
Комисијата за избор на кандидат за судија во ЕСЧП денеска ја одржа шестата седница, по добиеното мислење од Советодавниот панел во однос на спроведувањето на националната постапка за избор.
Членовите на Комисијата изразиле задоволство што Експертскиот панел нема забелешки за постапувањето на Комисијата и за целата национална постапка, која според Експертскиот панел не покренува никакво посебно прашање.
Панелот констатирал дека еден од тројцата предложени кандидати не ги исполнува во целост критериумите за судија во Судот во Стразбур. Со цел да се запазат роковите, Комисијата денеска заседавала и утврдила нов кандидат на местото на оспорениот кандидат.
Едногласна поддршка од членовите на Комисијата добила Ана Дангова Хуг.
Од Комисијата информираат дека постапката за избор на новиот кандидат била спроведена целосно согласно утврдените критериуми и препораки, со примена на истиот принцип на гласање како и претходно, вклучително и почитување на препораките на ДКСК за изземање на дел од членовите.
Комисијата утре, преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, официјално ќе го извести Експертскиот панел за новиот кандидат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
