Background

ЕУ мора да ја изгради својата војска за непријателите како Русија да не бидат во искушение да ги искористат сомнежите дали САД ќе ѝ дојдат на помош

ЕУ мора да ја изгради својата војска за непријателите како Русија да не бидат во искушение да ги искористат сомнежите дали САД ќе ѝ дојдат на помош, изјави денеска шефот на шпанската дипломатија, Хозе Мануел Албарес.

Албарес за бриселски „Политико“ ијзваи дека ЕУ не може „секое утро да се буди прашувајќи што ќе биде следниот чекор на САД“.

– Нашите граѓани заслужуваат подобро – рече шпанскиот министер во интервјуто што го даде во Мадрид пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

- Advertisement -
Ad image

Албарес ја окарактеризира иранската криза како одлучувачки момент за европската стратешка автономија.

– Ова е момент на европски суверенитет и независност. Американците нè повикуваат на тоа – рече министерот.

Како што истакна, ЕУ мора да се ослободи од зависноста и да биде ослободена од принуда, без разлика дали е во форма на царини или употреба на воени закани, како и од последиците од одлуките на другите луѓе.

Мадрид им забрани на американските воени авиони пристап до своите воени бази за војната во Иран, а САД одговорија со закана кон Шпанија со трговско ембарго, повлекување на трупите, па дури и суспензија од НАТО.

– Ни треба воен, заеднички одбранбен механизам – изјави Албарес за Политико, додавајќи дека тоа не треба да се гледа како обид за поткопување на НАТО.

Тој рече дека САД ја зајакнуваат својата армија сè повеќе и дека никој не мисли дека тоа го ослабува НАТО, туку дека Европејците мора да сторат повеќе ако таа воена алијанса не им обезбеди безбедност како порано.

– Магијата на НАТО е што сте во НАТО и ништо не се случува затоа што никој не се осмелува да провери дали Член 5 функционира. Тоа е она што треба да го рекреираме – одвраќање… Затоа што ќе стоиме заедно – рече Албарес.

Министерот Албарес, исто така, рече дека Европа навистина верува во трансатлантските односи и дека за него лично САД се историски природен сојузник на Европејците. Сепак, како што рече, Европа мора да прифати дека администрацијата на Трамп има нова визија и нови идеи за трансатлантските односи.

„Политико“ пишува дека коментарите на Албарес одразуваат поширока промена на тонот во ЕУ, бидејќи дури и земјите што се најмногу трансатлантски ориентирани се принудени да се соочат со реалноста дека Вашингтон не е предвидлив сојузник, што само е засилено со војната во Иран

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation