Барањата на Иран се „дарежливи и одговорни“, а не претерани, му одговори портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багеи на претседателот на САД Доналд Трамп.
Претхдно Трамп го отфрли мировниот предлог на Техеран како „целосно неприфатлив“.
Кавгата избувна откако Иран претходно отфрли план на Трамп за крај на војната, тврдејќи дека таквиот договор би значел „покорување“ пред Вашингтон.
Портпаролот на иранското МНР денеска изјави дека Техеран со предлогот до САД се обидувал да ги обезбеди своите основни права.
„Нашето барање е легитимно. Бараме крај на војната, крај на блокадата и крај на пиратеријата, како и ослободување на иранските средства што банките неправедно ги замрзнаа под притисок на САД“, рече Багеи.
Тој тврдеше дека Иран понудил „дарежливи и одговорни“ решенија за стабилизирање на регионот.
Според иранските медиуми, Техеран бара исплата на штетите од воените операции, укинување на санкциите и прекин на американската поморска блокада.
Иран инсистира и на нов безбедносен поредок во регионот.
Багеи изјави дека обезбедувањето слободен премин низ Ормускиот Теснец и стабилноста во Либан биле клучен дел од понудата на Техеран.
– Сметаме дека ова е дарежлива и одговорна понуда за регионална стабилност – порача портпаролот.
Во Вашингтон, пак, овие барања ги гледаат како обид Иран да диктира услови по судирите во Персискиот Залив.
Дипломатската војна меѓу Техеран и Вашингтон продолжува додека тензијата околу Ормускиот Теснец дополнително расте.
Американската администрација досега ги отфрлаше иранските услови, а ситуацијата во регионот останува нестабилна по серијата инциденти во Заливот.
Судирот околу санкциите, блокадите и контролата на стратешките поморски рути повторно ја турна кризата во опасна фаза.
Tagged as:
Иран му возврати на Трамп по жестоката порака
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
