Background

Обвинителството ја презентира жалбата на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски

Апелацискиот суд во Скопје денеска ја почна јавната расправа на која ќе се разгледаат жалбите за доживотниот затвор на Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски кои од страна на првостепениот суд беа осудени за грабнување и свирепи убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обвинителството се жали на тоа што таткото на Вања Ѓорчевска Александар, беше ослободен од обвинението дека помогнал при планирањето на грабнувањето на сопствената ќерка за што основниот суд смета дека нема докази.

Обвинителот Дарко Јакимовски ја образложи жалбата на Обвинителството за ослободителната пресуда на Александар Ѓорчевски. Тој смета дека Ѓорчевски има вина во грабнувањето на ќерката, а како доказ го наведе тоа што им кажувал како да се облечат тоа утро.

– Тој ја дал информацијата која не ја знаел никој освен помалата ќерка и сопругата – рече обвинителот, пренесе Република.мк.

- Advertisement -
Ad image

На ова, бранителот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ рече дека првичната пресуда на судот е правилна и очекува Апелација тоа да го потврди.

Ѓорчевски на сево ова кратко одговори.

– Од оваа позиција во која се наоѓам како заложник немам што дa додадам – по што ја напушти судницата.

Кривичниот суд Скопје на 25 јуни 2025 година ги осуди Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на доживотен затвор за кривичните дела грабнување и свирепо убиство на двете жртви.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Според првостепената пресуда, грабнувањето на 74-годишниот Панче Жежовски било за да го присилат да им го даде своето возило, за подоцна да го искористат за ново кривично дело – грабнувањето на Вања Ѓорчевска во Скопје.

Сите обвинети во текот на судскиот процес рекоа дека не се чувствуваат виновни и побараа ослободителна пресуда.

Само Влатко Кешишев изрази каење и рече дека имал грижа на совест што бил дел од групата, но дека не учествувал во планирањето и извршувањето на убиствата.

алолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation