Background

ЗАРАЗЕНИТЕ АМЕРИКАНЦИ ОД КРУЗЕРОТ НЕМА ДА ОДАТ ВО КАРАНТИН

Американка и Французинка од крузерот MV Hondius се заразесни хантавирус. Уште еден патник од САД покажува „благи симптоми“, соопшти Американското Министерство за здравство.

Сепак, висок американски здравствен службеник претходно изјавил дека американските патници нема задолжително да бидат ставени во карантин, но ќе бидат под надзор уште неколку недели.

Запрашан за оваа разлика во споредба со другите земји, шефот на Светската здравствена оганизација рече дека таа „може да претставува ризик“.

- Advertisement -
Ad image

Американските патници ќе бидат префрлени во специјализиран центар во Омаха, каде секој ќе помине клиничка евалуација и здравствен надзор.

Повеќе од 100 луѓе од 23 држави треба да бидат евакуирани за помалку од 48 часа. Шпанските власти операцијата ја опишаа како „сложена“ и „невидена“.

Шпанците први го напуштиле бродот под строг надзор, облечени во заштитни одела и со маски FFP2. Потоа следеле Французите и патници од други држави.

Сите 14 евакуирани шпански државјани веќе се сместени во изолација во воената болница „Гомез Ула“ во Мадрид.

Француските власти потврдија дека состојбата на една жена се влошила во текот на ноќта, по што тестовите биле позитивни. Во Франција веќе биле идентификувани 22 лица кои имале контакт со заразените.

Светската здравствена организација досега потврдила 6 случаи на инфекција меѓу 8 сомнителни случаи. Три лица починале.

Организацијата препорачала карантин од 42 дена за сите патници кои биле во контакт со вирусот.

Запрашан за оваа разлика во однос на другите држави, шефот на СЗО предупредил дека тоа „може да претставува ризик“.

Протоколот за евакуација го надгледувал и шефот на СЗО. Патниците со чамци биле пренесувани до копното, а потоа со автобуси на шпанската армија транспортирани до аеродромот Тенерифе-Југ.

Варијантата откриена на крузерот е Андите хантавирус, редок сој кој може да се пренесува од човек на човек.

Периодот на инкубација може да трае и до шест недели. Вирусот вообичаено се пренесува преку заразени глодари, најчесто преку урина, измет и плунка.

Кризата на MV Hondius предизвика силна загриженост и повторно ги оживеа сеќавањата на ковид-пандемијата.

Сепак, СЗО пред неколку дена објави дека не се работи ниту за епидемија, ниту за пандемија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation