Во Охрид, три семејства пријавиле дека нивните малолетни деца биле физички малтретирани, откако биле фатени во обид да украдат чоколадно млеко од локален маркет. Случајот ги покрена очите на јавноста , но не заради она за кое родителите се пожалиле, туку заради она што тие очигледно одбиваат да го признаат.
Да бидеме јасни: кражбата е кривично дело. Без разлика дали станува збор за скап предмет или за чоколадно млеко. Без разлика дали го прави возрасен или малолетник. Законот не прави разлика во суштината , само во начинот на постапување.
И тогаш, наместо родителите да ги преземат своите деца, да ги вратат дома и да се соочат со сопствениот неуспех во воспитувањето , тие одат во полиција. Пријавуваат малтретирање. Обвинуваат. Бараат правда. За кого? За децата кои оперирале во туѓ дуќан.
Ова не е грешка на маркетот. Ова е симптом на општество во кое одговорноста е станала туѓ поим. Сопственикот на маркетот работи, вложил, плаќа даноци и секој ден се бори да го одржи бизнисот. Кога во неговиот дуќан некој краде, тој има право да реагира. Дали физичкото насилство е прифатливо? Не и , тоа треба да се испита. Но да се преврти приказната наглавачки и да се прикаже сопственикот како виновник затоа што ги фатил децата во кражба , тоа е апсурд кој боли.
Каде се тие родители кога нивните деца излегуваат да крадат по маркети? Зошто наместо Центарот за социјална работа веднаш да отвори досие за тие семејства, системот ги малтретира оние кои само браниле сопствена сопственост?
Охрид заслужува подобро. Македонија заслужува подобро. А малите крадци, заслужуваат родители кои ќе им кажат вистината: туѓото не се зема. Тоа не е лекција за маркет. Тоа е лекција за живот.
Tagged as:
кражба криминал малолетници маркет малтретирање охрид полиција СВР Охрид Родители Центар за социјална работа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
