Прес конференција, Трајче Стојчевски – претседател на СДММ
Навреда за сите млади, врв на лицемерие и цинизам е повикот на Христијан Мицкоски младите да не се иселуваат.
Па младите поради него и криминалната организација ВМРО сакаат да се иселат, поради криминалот, корупцијата, сиромаштијата, немањето систем, партизацијата.
Мицкоски им ја краде иднина на младите.
Со намерното блокирање на европскиот пат најголема штета трпат младите македонски генерации.
Наместо европски вредности и интеграција, истиот тој Мицкоски отворено ни порача дека бил подготвен да чека децении за влез во Европската Унија. Децении да стоиме во место, во изолација, да не држи како заложници.
Ни продаваат лажен патриотизам, додека државата ја водат луѓе со бугарски пасоши.
Во сред криза, владата на ВМРО не донесе ниту една мерка за младите, ниту ја зголеми минималната плата, ниту донесе директни мерки против поскапувањата.
Толку е оваа власт против младите што удрија со данок и по студентите кои работеле и нешто си заработиле во странство.
Додека Мицкоски ги повикува младите да не придонесуваат за туѓи економии, тој нашата економија ја ситни и уништува, неконтролирано се задолжува.
Само за две години, направи нов долг од 2,3 милијарди евра – долг кој ќе треба ние младите, идните генерации да го враќаме.
Ние ќе треба да ги враќаме долговите за криминалните тендери на шефот на мафијата, Мицкоски.
Младите масовно се иселуваат и ќе продолжат да се иселуваат од земјава, не затоа што не ја сакаат Македонија, туку затоа што не гледаат перспектива на чело со Мицкоски.
Оваа расипничка и криминална власт ни ја одзема надежта дека тука може достоинствено да живееме, работиме и да напредуваме.
Почитувани млади, изборот на следните избори е иднина со СДСМ или изолација со ВМРО-ОКГ, иселување со Мицкоски или Европа дома со Филипче.
Изборот е јасен.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=qkTcZu9HwcE



