Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека според него, украинскиот конфликт се ближи кон крајот и додаде дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само кога ќе се постигне траен мировен договор.
– Мислам дека прашањето се ближи кон крај – изјави Путин за војната во Украина.
На прашањето дали е подготвен да се вклучи во разговори со лидерите на Европската Унија, Путин им рече на новинарите во Кремљ дека го претпочита поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.
Европските лидери, како што објави во четвртокот „Фајненшл тајмс“, се подготвуваат за потенцијални разговори за завршување на војната во Украина.
Кремљ минатата недела објави дека од европските влади зависи дали ќе го направат првиот потег, бидејќи тие го прекинаа контактот со Москва во 2022 година, по почетокот на војната во Украина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
