Background

МИЛИОНСКА ПЛАТА ЗА ЕДЕН ВРАБОТЕН: Загатката на СН Сообраќаен Центар Битола

Додека СН Осигурителен Брокер тонеше во стечај, поврзаната компанија во Битола исплаќала фантастична плата — но на кого и зошто?

Анализата на „Пари” за десетте најголеми компании во Битола, во соработка со Бизнис Мрежа, открива дека во табелата на компании со највисоки просечни плати предничи СН Сообраќаен Центар , со просечна плата од 14.259 евра, односно приближно 875.000 денари месечно. pari

Тоа е огромна сума. Но уште позастрашувачка е позадинската слика.

- Advertisement -
Ad image

Зад овој податок стои значајна промена во структурата на вработените , бројот на работници е намален од 21 во 2024 година на само едно лице во 2025 година. Со други зборови: компанијата во практика престанала да работи, сите вработени си заминале , освен едно единствено лице, кое прима плата блиска до еден милион денари месечно. pari

Тоа лице е Кристина Комненовиќ, поранешен директор на Мото Центар СН во Скопје,која управувала последна со центарот.

Стечај горе, плата долу

Прашањето кое неминовно се наметнува е: како е тоа воопшто можно?

СН Сообраќаен Центар Битола е дел од поширокото деловно семејство на групацијата СН, чие јадро е СН Осигурителен Брокер. Токму во времето кога врз СН Осигурителен Брокер се отвора стечајна постапка, поврзаната компанија во Битола , наместо да ги замрзне активностите , исплаќа плата во износ кој нема никаква логична деловна основа.

Компанијата не работи. Нема клиенти. Нема сообраќај. Нема деловна активност. Има само еден вработен и еден милион денари плата.

Кристина Комненовиќ , единствениот преживеан ?!

Зошто токму таа? Зошто баш во тој момент? И зошто токму толку?

Ниту еден деловен показател не оправдува ваква плата во компанија без активност. Кристина Комненовиќ, која пред тоа ја водела скопската подружница на СН, сега е единствено лице на платниот список на битолската компанија , во момент кога сопствениците Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски формално се повлечени од оперативното управување.

Каде биле тие? Што правеле? И дали на некаков начин биле поврзани со овие исплати?

Испумпување пари пред стечај?

Во стечајното право постои добро познат механизам , намерно осиромашување на должникот пред отворање на стечајна постапка, со цел да се оштетат доверителите. Тоа вклучува и исплата на нереално високи плати на поврзани лица, преку поврзани субјекти, во период непосредно пред колапсот.

Ако СН Сообраќаен Центар Битола ги добивал своите средства , директно или индиректно , преку средства кои во суштина припаѓале на доверителите на СН Осигурителен Брокер, тогаш овие исплати не се само морално спорни. Тие би можеле да бидат предмет на истрага.

Дали станало збор за намерно испумпување пари преку поврзано лице, во момент кога матицата паѓа? Дали милионската плата за еден вработен е начин да се извади готовина, а да останат доверителите , можеби граѓани кои верувале во СН , со празни раце?

Заклучок , прашањата чекаат одговори

Компанијата СН Сообраќаен Центар оствари скок на просечната плата за дури 2.365,17 проценти во споредба со претходната година , бројка која нема рационално деловно објаснување. pari

Стечајните управници, Агенцијата за супервизија на осигурување и надлежните органи имаат должност да ги испитаат сите трансакции поврзани со групацијата СН во периодот пред и за време на стечајот. Тоа го вклучува и токов токму ова прашање: чии пари беа, чии плати станаа, и кој ја носи одговорноста?

Битола заслужува одговори. Доверителите уште повеќе.

Извор на финансиски податоци: Пари / Бизнис Мрежа

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation