Background

Експлозии во Москва, Јарослав и во Ростов на Дон

Украинските сили синоќа нападнаа повеќе цели во Русија. Серија експлозии ги потресоа Москва, Јарослав и Ростов на Дон, а најтешко погодена беше голема рафинерија за нафта која се запали по ударот.

Првите беспилотни летала синоќа беа забележани недалеку од руската престолнина. Руската агенција за воздухопловство (Росавијација) реагираше и воведе привремени ограничувања за летови на московските аеродроми Внуково и Домодедово. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, подоцна рече дека воздушната одбрана соборила неколку авиони.

Додека вниманието беше насочено кон Москва, моќни детонации одекнваа во Јарослав, каде цел на нападот била рафинеријата за нафта „Јарославнефтеоргсинтез“. Во близина на фабриката избувнал сериозен пожар, а снимките на кои се гледа густ, црн чад како се издига високо над рафинеријата брзо се проширија низ интернет.

- Advertisement -
Ad image

 

Нападнат беше и Ростов на Дон. Жителите велат дека слушнале серија гласни експлозии, по што избувнал голем пожар, а според првите извештаи од теренот станува збор за ракетен напад врз фабриката „Агропромзапчаст“.

Гувернерот на Ростовскиот регион, Јуриј Сљусар, се огласи малку подоцна, со тврдење дека регионот „го одбил нападот со беспилотни летала и ракети“.

Според него, во нападот нема загинати и повредени, а има материјална штета.

– Остатоци од соборен авион оштетиле објекти во Таганрог, Батајск и Ростов на Дон, како и во областа Мјасников – рече Сљусар.

 

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово соопшти дека во текот на ноќта на приодите кон Москва биле пресретнати 26 дронови.

Руското министерство за одбрана, пак, тврди дека над руските региони биле соборени вкупно 264 дронови.

Овој масовен напад од Украина кон Русија следува откако украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина ќе одговори на кршењето на прекинот на огнот од страна на Русија. Зеленски потсети дека Киев објавил прекин на огнот на 4 мај, кој требало да стапи на сила на 6 мај на полноќ, но Москва не одговори на овој предлог.

Руското Министерство за одбрана, пак, еднострано прогласи „примирје“ само за 8 и за 9 мај. Притоа издаде и застрашувачко предупредување дека ако традиционалната воена парада во Москва на Денот на победата на 9 мај биде „нарушена“ на кој било начин, Москва ќе изврши масовен ракетен напад врз центарот на Киев.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation