Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска порача дека Русија продолжува со нападите врз Украина и покрај предлогот на Киев за примирје.
Тој ја критикуваше Москва за барањето краток прекин на огнот околу 9 мај.
– Треба да воспоставиме мир, а не да одиме по светските престолнини и да молиме за пауза на 9 мај. Ни треба мир – изјави Зеленски.
Украинскиот лидер предупреди дека Киев ќе продолжи со нападите со долг дострел доколку Русија не ги запре своите напади.
Зеленски тврди дека руските сили денеска извршиле напади со беспилотни летала, ракети и гранати.
Украинската армија соопшти дека соборила 92 од 102 руски дронови.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, вчера изјави дека Русија ги предупредила дипломатските мисии да го напуштат Киев во случај на можен масовен напад од страна на Москва како одговор на украинските обиди да го попречат Денот на победата.
– Овие јавни закани за напад се дел од неодговорните тактики на ескалација на Русија – изјави Анвар Ел-Ануни, портпарол на канцеларијата за надворешна политика на Европската унија.
Европската унија „нема да ја промени својата позиција или своето присуство“ во Киев, потврди портпаролот денеска, и покрај заканите од Русија.
Од Европската Унија возвратија дека нема да го менуваат своето присуство во украинскиот главен град.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
