Со 64 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието денеска го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Македонија, кој е дел од Реформската агенда.
Со предложеното законско решение се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина. Се реформира постапката за избор на членови на Советот на јавните обвинители. Се воведуваат јасни и транспарентни критериуми. Се гарантира нивната стручност, искуство и интегритет, по пример на критериумите предвидени во новиот Закон за Судски совет. На тој начин, се гарантира избор на најквалитетните кандидати.
Се воведува обврска за целосно и аргументирано образложение на одлуките за избор, унапредување и дисциплинска одговорност на обвинителите. Се воведува доследна примена на системот на заслуги – односно мерит-системот, при избор, унапредување и разрешување на јавните обвинители. Се зајакнува транспарентноста на Советот преку обврска за објавување одлуки и извештаи, јавно одржување седници, директни преноси и информирање на јавноста.
„Воведуваме јасна двостепеност во дисциплинските постапки. Советот одлучува како второстепен орган, а против неговите одлуки е дозволена судска заштита. Со ова се обезбедува целосна заштита на правата на јавните обвинители, што е директен одговор на препораките на Европската комисија. Детално се уредува постапката за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, со прецизирани рокови и критериуми. Се зајакнува улогата на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија. Советот на јавните обвинители може да поднесе иницијатива за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија до Собранието“, се наведува во соопшението од Министерството за правда.
Законот е дел од поширокиот реформски процес и е усогласен со европските стандарди и препораки, што претставува значаен чекор напред во процесот на европска интеграција.
Tagged as:
Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
