Градоначалникот на Општина Охрид оствари продуктивна работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Н.Е. Ола Солстром. Главни теми на разговорот беа тековните еколошки проекти, како и стратегиите за зајакнување на туристичкиот потенцијал на Охрид на скандинавскиот пазар.
Еден од клучните столбови на меѓусебната соработка останува проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“. Овој проект се реализира во партнерство со „Салар Интернационал“, организација која е дел од Шведската асоцијација на локални власти и региони.
Во делот на туризмот, на средбата беа разгледани конкретни иницијативи за привлекување на поголем број гости од Шведска. Акцентот беше ставен на организирање на специјална промоција на Охрид во Шведска, со цел презентација на културното наследство и природните реткости како и креирање нови мрежи за соработка помеѓу
На средбата беше потенцирано дека Охрид останува отворен град, подготвен за соработка со меѓународните партнери. Приоритетот на локалната самоуправа е преку ваквите партнерства да се обезбеди долгорочен развој кој ќе донесе бенефит за сите граѓани.
Амбасадорот Солстром и градоначалникот ја потврдија заложбата за натамошно зацврстување на пријателските односи и реализација на нови заеднички иницијативи во претстојниот период.
Tagged as:
ОПШТИНА ОХРИД И ШВЕДСКА ЈА ПРОДЛАБОЧУВААТ СОРАБОТКАТА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
