Партнерството меѓу двете нации денес е поважно од кога било, истакна британскиот крал Чарлс Трети во говорот пред пратениците на давата дома на Конгресот на САД.
Кралот Чарлс посочи дека истата „непоколеблива решителност“ покажана по нападите на 11 септември 2001 година е потребна за заштита на Украина и на нејзиниот најхрабар народ, за да се обезбеди вистински праведен и траен мир.
– Кога Велика Британија и Америка се обединети врз основа на заедничките вредности, тоа е посебната состојка во нашите односи – нагласи британскиот монарх.
Тој изрази сочувство кон жртвите на сексуално насилство во контекст на скандалот со Џефри Епстин и ја нагласи „заедничката сила“ на Обединетото Кралство и на САД во поддршката на преживеаните.
Кралот го осуди обидот за атентат врз претседателот Доналд Трамп за време на медиумска вечера во Вашингтон, нагласувајќи дека „таквите акти на насилство никогаш нема да успеат“.
Во говорот во салата на Претставничкиот дом, преполна со публика и со новинари, Чарлс го истакна значењето на НАТО, вредноста на европските партнери на САД и потребата од ограничување на глобалните конфликти со запирање на „претворањето плуговите во мечеви“ – теми кои се меѓу приоритетите на Владата на британскиот премиер Кир Стармер.
– Почитувани членови на 119-от Конгрес, токму тука, во овие сали, духот на слободата и на ветувањето на основачите на Америка се присутни во секоја седница и во секој даден глас. Одлуките се носат не по волја на еден, туку преку дебата на мнозина, кои го претставуваат живиот мозаик на САД. Токму тоа што сме витални, разновидни и слободни општества ни ја дава колективната сила, вклучително и да ги поддржиме жртвите на злото што, за жал, постои и денес – рече Чарлс.
Кралот престојува во четиридневна државна посета на САД по повод 250-годишнината од американската независност. Во говорот тој се осврна и на историските врски меѓу поранешните противници – САД и Велика Британија.
– Сојузот што нашите две нации го изградија низ вековите, и за кој сме длабоко благодарни на американскиот народ, е навистина уникатен – посочи монархот.
Обраќајќи му се на претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, тој додаде:
– Ова партнерство, господине претседател, според мене денес е поважно од кога било.
Tagged as:
Кралот Чарлс се обрати пред американскиот Конгрес
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
