Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека Украина можеби ќе се соочи со тешка одлука – дел од нејзината територија да остане надвор од контрола на Киев, доколку тоа значи отворање на патот кон членство во Европска Унија.
Говорејќи пред ученици во Марсберг, Мерц оцени дека во одреден момент ќе мора да се постигне договор со Русија.
– Во одреден момент Украина ќе потпише прекин на огнот, а потоа и мировен договор. Тогаш можеби дел од територијата повеќе нема да биде украинска – изјави тој.
Мерц посочи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да побара поддршка од граѓаните преку референдум за ваков договор.
– Ако Зеленски сака да добие мнозинство, мора истовремено да им каже дека им го отвора патот кон Европа – додаде германскиот канцелар.
И покрај поддршката за европската перспектива на Украина, Мерц предупреди дека членството не може да се случи брзо.
– Плановите за влез во ЕУ во 2027 или дури 2028 година не се реални – нагласи тој, додавајќи дека земјата прво мора да исполни строги критериуми, особено во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата.
Како можно решение, Мерц предложи т.н. претпристапен модел – Украина да учествува во институциите на ЕУ како набљудувач, но без право на глас.
Овој пристап, според него, веќе добил поддршка од дел од европските лидери на неодамнешниот самит во Кипар, на кој присуствувал и Зеленски.
Напредокот на Украина кон ЕУ досега беше блокиран од унгарскиот премиер Виктор Орбан, но последните политички промени во Унгарија отворија нови надежи за напредок.
Во меѓувреме, Европската Унија одобри финансиска поддршка од 90 милијарди евра за Украина, со цел да се покријат нејзините потреби до 2027 година, иако меѓу земјите членки сè уште постојат поделби околу темпото на проширување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
