Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека британското кралско семејство во Белата куќа, каде што во говорот ја нагласи „вековната врска“ меѓу САД и Велика Британија, но и сподели лична анегдота која го привлече вниманието на јавноста.
Обраќањето го започна со зборовите „Каков прекрасен британски ден“, осврнувајќи се на историските врски меѓу двете земји – од Магна Карта до Американската војна за независност.
– Пред да имаме нација или устав, имавме култура, карактер и вера. Тоа доаѓа од мало, но моќно кралство преку морето – рече Трамп, додавајќи дека Американците „немаат поблиски пријатели од Британците“.
Во поопуштен дел од говорот, Трамп зборуваше за Крал Чарлс III, пофалувајќи го неговиот акцент и нарекувајќи го „сладок“.
– Мојата мајка беше вљубена во Чарлс. Можете ли да верувате во тоа? Таа го обожаваше кралското семејство – рече Трамп, додавајќи дека како дете често ја слушал како со воодушевување ги следи на телевизија.
Тој се присети дека секогаш кога Кралица Елизабета II се појавувала во јавноста, неговата мајка стоела покрај телевизорот и со восхит коментирала.
Американскиот претседател ѝ оддаде почит и на покојната кралица Елизабета II, потсетувајќи на дрвото што таа го засадила во Белата куќа во 1991 година.
= Тоа беше мало дрво тогаш, а погледнете го денес. Како и САД – засадено од британски раце на американска почва – рече Трамп.
По церемонијалниот дел, Трамп и кралот Чарлс заедно излегоа на балконот на Белата куќа, каде што го следеа воениот протокол и им мавтаа на присутните.
Подоцна, според најавите, двајцата лидери одржаа билатерална средба зад затворени врати, на која се очекуваше да разговараат за клучни прашања од заеднички интерес.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
