Background

„СУДОТ ДА ЈА ИМА ПРЕДВИД ВОСПИТНАТА УЛОГА НА КАЗНАТА ВРЗ ДРУГИТЕ ЛУЃЕ“

Полномошникот на семејството на Ивана, адвокатката Неда Чаловска Наумовска, побара од Судот при одмерувањето на казната за обвинетиот Стојанче Јовановски да ја има предвид и генералната превенција, односно воспитното влијание врз другите да не вршат вакви кривични дела. Таа предјави имотно-правно побарување за оштетените, мајката на Ивана, Љубица Стојановска и братот Александар Стојановски. Адвокатката потсети на изјавата на мајката Љубица дека ниедна сума нема да ја намали болката поради загубата, но ќе има правна сатисфакција.

– На крајот сме од еден мачен процес, секој присутен ќе потврди дека беше тешко да се гледа секое насилство кое го видовме и го слушнавме во доказите, а замислете сето ова да го доживувате секој ден, да легнувате и станувате во страв за себе и за своето дете. Кој би можел тоа да го издржи? Веројатно никој. Ивана не издржа, не гледаше спас од дејствијата на обвинетиот ни за себе ни за своето дете. Дејствијата на обвинетиот не се изолирани инциденти, туку каузално поврзани настани кои кулминирале на 2 март. Долгогодишното малтретирање, кое вклучува физичко, психичко и економско насилство кое траело 7 години ја довело Ивана во состојба на тешка психичка вознемиреност, безнадежност и целосна безизлезност. Присилното одземање на станот, заканите дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето биле секојдневие што ја довело жртвата до состојба на постојан страв и апсолутна несигурност. Во таква состојба, а со очигледниот молк од институциите, последиците не се случајни, тие се предвидливи. Придонесот на обвинетиот не е индиректен, тој е директен причинител на состојбата која довела до последицата. Да, тој не ја турна Ивана физички, но ја донесе до работ и ѝ ја одзеде секоја причина да не скокне – рече Чаловска Наумовска во завршните зборови.

Таа објасни дека ваквите дела во одредени земји се квалификуваат и како убиство од небрежност, а не само како наведување на самоубиство, односно се квалификуваат како фемициди.

- Advertisement -
Ad image

– Во врска со континуитетот на семејното насилство, Европскиот суд за човекови права во случај од Грузија, сличен на овој, каде жена се самоубива како резултат на долгогодишно семејно насилство, забележува дека семејното насилство ретко е изолиран инцидент. Тоа обично потекнува од родово базирана дискриминација и опфаќа кумулативна и поврзана психичка, физичка, сексуална, емоционална, вербална и финансиска злоупотреба на близок член на семејството или партнерка. Затоа функционирањето на сторителот единствено за еден ден, односно за еден инцидент, како што направила Грузија во конкретниот случај, а не и за сите претходни години на вршење семејно насилство, Судот во Стразбур заклучува дека не е во согласност со судската пракса и наоѓа повреда на член 2 од Европската конвенција за човекови права, односно правото на живот. Во конкретниот случај, освен индивидуалната казна, од примарно значење, при одмерувањето на казната сметаме дека Судот треба да ја има предвид и генералната превенција, односно воспитното влијание врз другите да не вршат вакви кривични дела – рече адвокатката Чаловска Наумовска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation