Background

Презентирани причините за смртта по пожарот во „Пулс“

Обдукцијата на 59 жртви на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани покажува дека нивната смрт е насилна и настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид.

Кај пет од жртвите обдукциското мислење од Институтот за судска медицина исто така констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат на недостиг на воздух и кислород во околната средина.

Обдукцијата на три од жртвите што починале во текот на лекувањето исто така констатира насилна смрт, која настапила поради акутна слабост на белите дробови од интоксикација од јаглероден моноксид, а кај еден поради изгореници од трет степен на главата и телото.

- Advertisement -
Ad image

Обвинителството изведе и писмен одговор од Судска медицина за кој рече дека содржи одговори на прашања колкаво присуство во крвта е смртоносно и колку бргу настапува смрт при задушување со јаглероден моноксид, потоа кои се специфични и неспецифични индикации и која е разликата меѓу задушување и труење со јаглероден моноксид, како и дали би биле спасени доколку би биле подложени на кислородна терапија на местото на настанот и во болниците.

Обвинителството предложи да биде повикано и сослушано вешто лице, кое ќе даде одговор на сите дополнителни прашања што произлегле или произлегуваат од обдукциското мислење.

– Ние за денеска бевме спремни за изведување на овие материјали докази. Знаеме дека и вас ќе ве интересираат прашањата што ќе бидат дадени од вештото лице и затоа ќе ги дадеме во писмена форма пред судот за да може да бидат поделени – изјави Обвинителството.

Судот на почетокот информира дека сè уште нема вратена информација за достапноста на едниот сведок, а за другите двајца сè уште не е завршено вештачењето за нивната подготвеност да сведочат по што одлучи да се продолжи со изведување материјални докази.

Одбраната на почетокот се противеше на предлог за читање изјави дадени во истрага посочувајќи дека Дарио Трифунов е единствен сведок што го гледа влезот на Мартин Буцо во дискотеката без ранец и го фотографира моментот, неговата изјава според нив не е целосно внесена, а сведокот Александра Пепеларовска има изјавено дека го видела лицето што ги поставило прскалките и дека Мартин не е лицето што ги поставило зашто лично го познава.

– Предлагаме судот да не ги прифаќа лесно ваквите наводи за читање на изјавите дадени во истрага од Обвинителството и дека ваквото постапување претставува повреда – рече адвокатот.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation