САД постигнаа одлучувачки воени резултати во Иран, рече денеска американскиот министер за војна Пит Хегсет.
Тој ја оцени воената операција „Епски бес“ како „смела и опасна мисија, подарок за целиот свет“.
Според него американската поморска блокада на иранските пристаништа секој ден станува сè посилна.
– Пораката до режимот во Техеран е: блокадата се стега од час во час. Ние имаме контрола. Ништо не влегува и ништо не излегува – посочи Хегсет.
Тој наведе дека сега Иран треба да донесе мудра одлука и да се откаже од поседување нуклеарно оружје.
– Инаку, можат да гледаат како кревката економска состојба на нивниот режим се распаѓа под немилосрдниот притисок на американската моќ – истакна Хегсет.
Прашан за недостигот на гориво за авиони во Европа и дали некои земји понудиле да им помогнат на САД во Ормутскиот теснец, министерот за одбрана рече дека за Европа и за Азија „заврши времето на бесплатен превоз“.
– Европа и Азија со децении имаа корист од нашата заштита, но заврши времето на бесплатен превоз. Америка и слободниот свет заслужуваат способни и верни сојузници, кои разбираат дека сојузништвото не е еднонасочна туку двонасочна улица – истакна Хегсет.
Не сметаме на Европа, додаде, но ним им е потребен Ормускиот Теснец повеќе отколку нам.
– Можеби треба помалку да зборуваат и да имаат помалку отмени конференции низ Европа и да се занимаваат со работа. Ова е многу повеќе нивна борба отколку наша. Ја видовте, би ја нарекол, смешната конференција во Европа минатата недела, каде што се собраа и разговараа за разговор, а можеби и за тоа да направат нешто на крајот, кога сè ќе заврши. Тоа сè уште не е сериозен напор – рече Хегсет.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
