Пејачот D4vd, чие вистинско име е Дејвид Ентони Бурк, проговори на суд за прв пат откако беше обвинет за убиство на 14-годишната Селесте Ривас Хернандез, а новите детали откриени на рочиштето дополнително ја вознемирија јавноста, пишува Дејли Меил.
На рочиштето обвинителите откриле дека на неговиот запленет iPhone е пронајдена значителна количина детска порнографија.
– Тој имал iPhone кој содржел значителна количина детска порнографија и, според законот, таков материјал не може да се дистрибуира без посебни безбедносни мерки – рекла обвинителката Бет Силверман.
Таа додала дека спорните материјали ќе бидат прегледани на специјален компјутер во канцеларијата на обвинителот и сè уште не е познато дали пронајдената содржина се однесува на жртвата.
На суд, Бурк бил врзан за стол во затворска облека, а неговите први зборови биле кратки: „Да, госпоѓо“, откако судијата му го објаснила текот на постапката.
Неговиот адвокат, Мерилин Беднарски, побарала постапката да продолжи без одложување, истакнувајќи дека одбраната очекува барем основни докази на почетокот на процесот. Обвинителите, од друга страна, нагласиле дека анализата на обемните дигитални и форензички докази ќе одземе време и дека само подготвителното рочиште може да трае четири до пет дена.
Бурк се изјаснил за невин по сите точки од обвинението, но доколку биде прогласен за виновен, се соочува со максимална казна – доживотен затвор без можност за условна слобода или дури и смртна казна.
Бурк е обвинет за убиство од прв степен со посебни околности, вклучувајќи наводи дека кривичното дело е извршено за финансиска добивка и дека жртвата била сведок на одредени настани. Според обвинителството, девојката била убиена со остар предмет, а нејзиното тело било пронајдено во багажникот на Тесла што била запленета на паркинг во Холивуд. Возилото, според полицијата, било поврзано со адресата на Бурк во Тексас.
Во обвинението се наведува и дека девојчето било подложено на континуирано злоставување во подолг период, од септември 2023 до септември 2024 година, и дека тој се заканил дека ќе ја разоткрие нивната врска.
Обдукцијата покажала дека таа претрпела сериозни повреди, вклучувајќи убодни рани во градите и црниот дроб, додека одредени делови од нејзиното тело биле обезличени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
