Најмалку 13 лица загинаа во експлозија во фабрика за петарди во јужната индиска држава Керала, додека неколку други се повредени, од кои петмина се во критична состојба, јавува денес Би-Би-Си.
Експлозијата се случила во градот Трисур, каде што, според официјални лица, околу 40 работници подготвувале огномет за претстојниот религиозен фестивал, а детонацијата предизвикала и секундарни експлозии што ги попречиле спасувачките операции.
Ова е втор сличен инцидент оваа недела, откако најмалку 25 лица загинаа во експлозија во фабрика за огномет во соседната држава Тамил Наду во неделата.
Според официјални лица, огнометот бил направен во привремени објекти во близина на оризови полиња, со лоши пристапни патишта, што дополнително ја попречило интервенцијата на службите за итни случаи.
Причината за експлозијата сè уште не е официјално утврдена.
Градоначалникот П.Н. Сурендран рече дека причината може да бидат високите температури, но нагласи дека истрагата сè уште е во тек, јавува Би-Би-Си.
Главниот министер на Керала, Пинараји Виџајан, најави дека, доколку е потребно, ќе бидат ангажирани медицински експерти од други држави за лекување на повредените.
Индискиот премиер Нарендра Моди најави финансиска помош од 200.000 рупии за семејствата на починатите, како и 50.000 рупии за повредените, јавува Би-Би-Си.
Експлозиите во индустријата за огномет во Индија се релативно чести поради работата со лесно запаливи хемикалии во нехигиенски и преполни фабрики, особено во центри како Сивакаси, кои произведуваат поголем дел од огнометот во земјата, потсетува Би-Би-Си.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
