Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од Македонија, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура од 1 степен, а најтопло во Скопје, со дневна температура до 15 степени.

Во Скопје утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 7 до 15 степени Целзиусови.
УХМР за утре издаде предупредување за пообилни врнежи, под влијание на циклонска активност, кои наместа ќе бидат над 30 литри на квадратен метар.
До четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови. Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
