Со цел да се спречи растот на цените и да се помогне на земјоделците и домашното земјоделско производство Владата ги ограничи маржата на цената на неколку видови вештачките ѓубрива, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Станува збор за две одлуки кои што ќе стапат на сила и ќе се применуваат до 31.05.2026 година, а се однесуваат на сите правни и физички лица регистрирани за производство и трговија на големо и мало, кои прибавуваат и продаваат органски и неоргански ѓубрива како и органо-минерални ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својството на почвата.
– Највисоката бруто профитна маржа на неорганските ѓубрива за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир се утврдува во вкупен износ до 5% во трговијата на големо и во вкупен износ до 5% во трговијата на мало. Додека, пак, највисоката бруто профитна маржа за органските ѓубрива, органо-минерални ѓубрива, биостимулатори во трговијата на големо ќе изнесува до 10% и во малопродажба ќе изнесува до 10% -информира Трипуновски.
Тој додаде дека се воведува обврска за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива.
-Трговците на мало се должни месечно да обезбедуваат и продаваат најмалку 70% од просечната количина што ја набавиле во 2026 година, додека трговците на големо се обврзуваат да ги снабдуваат трговците на мало со најмалку 70% од просечно продадените количини – рече Трипуновски.
Според него, цел на оваа одлука е да се спречат евентуалните недостатоци на пазарот, да се обезбеди редовна достапност на ѓубривата и да се заштитат земјоделците од неправилниот раст на цените.
Со втората одлука која што денеска е донесена, се ограничува растот на цените на ѓубривата на домашниот пазар, односно се коригира продажната цена за 10% намалување на залихите кои што ги имаат продавачите набавено по старите набавни цени.
Со овие две одлуки, вели Трипуновски, се прави стабилизација на цените на ѓубривата, односно нивна корекција, намалување.
Трипуновски рече дека овие одлуки се донесени поз претходна консултација и разговор со регистрираните увозници на вештачки ѓубрива, но и по основ на претходно направена анализа од страна на Државниот пазарен инспекторат каде што беше констатирано дека има раст на цените.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
