Четири лица биле приведени, со едно лице бил извршен службен разговор, а вкупно 11 случаи на семејно насилство се регистрирани во изминатото деноноќие низ државата, информира полицијата.
Во едниот случај, во близина на Берово, 43-годишна жена од пехчевско село пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг физички ја нападнал неа и нивната 16-годишна ќерка во дворот од семејниот дом.
Во Тетово, 33-годишна жена пријавила дека била нападната од сопругот по претходна расправија. Подоцна, полицијата привела 32-годишен тетовец откако неговата сопруга пријавила дека ѝ се заканувал со остар предмет и се обидел да ја избрка од домот. Уште едно лице од Тетово било приведено по пријава за семејно насилство, при што кај него биле измерени 2,22 промили алкохол.
Во Охрид, полицијата привела 44-годишен маж откако неговиот брат пријавил физички напад. Во Струга, 30-годишна жена пријавила дека била нападната од поранешната свекрва во градската чаршија.
Во Кавадарци бил приведен 40-годишен маж кој, според пријавата, ја нападнал сопругата со која бил во бракоразводна постапка. Во Велес, 77-годишна жена пријавила дека нејзиниот син се однесувал агресивно, упатувал закани и оштетил предмети во домот, по што бил однесен во здравствена установа.
Во Скопје биле пријавени повеќе случаи. Една 27-годишна жена навела дека нејзиниот сопруг, со кого биле разделени, ѝ упатувал закани по телефон. Полицијата извршила службен разговор и со 21-годишник по пријава дека физички ја нападнал својата партнерка.
Најтежок е случајот пријавен од 28-годишна жена, која навела дека во Дебар била насилно внесена во возило од поранешниот партнер, по што била однесена во куќа во скопско село каде, според пријавата, била држена неколку дена, физички малтретирана и сексуално нападната. Таа успеала да побегне и го пријавила случајот.
Полицијата презема мерки за расчистување на сите настани, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
