Цените на нафтата утрово бележат пад по најавата дека почнува втората руда преговори меѓу САД и Иран во Исламабад, ред истекот на двонеделниот прекин на огнот.
Фјучерсите на нафтата Брент бележат пад од 1,0% на 94,5 долари за барел, а на американската суровата нафта WTI паднаа за 1,3% на 86,2 долари за барел.
Иран најави дека ќе испрати делегација во Исламабад за втора рунда преговори со САД пред да истече сегашниот двонеделен прекин на огнот.
Овој потег означува отстапување од претходниот став на Техеран дека нема да се вклучи во дополнителни мировни разговори.
Во меѓувреме, претседателот Доналд Трамп изјави дека е малку веројатно да го продолжи постојното примирје, ако не се постигне договор оваа недела, додавајќи дека Ормускиот теснец ќе остане блокиран додека не се обезбеди договор.
Стратешкиот воден пат продолжува да игра централна улога во разговорите, бидејќи тензиите повторно се појавија во текот на викендот откако САД запленија ирански брод, додека Техеран ги нападна бродовите и ја врати контролата врз теснецот.
Други главни точки на сопнување меѓу двете страни се нуклеарната програма на Иран и постојаните регионални непријателства.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
