Background

Апелациониот суд одлучи да не го прифати барањето на осудените за случајот 27 април, кои бараа повторување на постапката

Апелациониот суд одлучи да не го прифати барањето на осудените за случајот 27 април, кои бараа повторување на постапката, објави Фокус.

„Жалбата е неоснована. Судиот го ценеше жабениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеното решение не содржи такви недостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот“, се наведува во одлуката на Апелациониот суд.

Со ваквата одлука Апелација го потврди решението на Кривичниот суд донесено на 15.12.2025 година, со кое се одлучува дека нема законски простор за повторување на постапката.

- Advertisement -
Ad image

„Судот правилно оценил дека изнесените факти не се подобни да причинат ослободување на лицето што било осудено или негова осуда по поблаг кривичен закон… Советот не може да се впушти во оценување дали во конкретниот случај од страна на судијата или јавниот обвинител се сторени кривични дела кои се застарени, како и тоа дали исказот на загрозениот сведок бил лажен“, се наведува во одлуката.

Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation