Background

ГАЗДА ДЕКО ГО ОДНЕСОА ОД СУДНИЦА СО БРЗА ПОМОШ

На судењето во Идризово за пожарот со дискотеката „Пулс“ денеска интервенираше екипа на Брза помош, која беше повикана поради влошената здравствена состојба на првообвинетиот Дејан Јованов Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“.

Медицинската екипа дојде за време на паузата на судењето.

– И покрај жалбите за укинување на мерката притвор, таа не беше укината и беше вратен во притворски услови. Таму се третираше импровизирачки од страна на нестручни медицински лица кои што придонесоа во петокот, на 17 април, да му биде извршена втора операција поради јавен голем црвен оток, полн со гнојна содржина. Поради тоа бил веднаш спроведен на итна операција. Денеска на најнехуман начин беше спроведен директно од болница на судење иако во таква состојба тој треба да биде хоспитализиран. Неговата рана е отворена и подложна на дополнителна инфекција. Не е сошиена бидејќи би можела дополнително да собира гнојна содржина. Од овие причини, одбраната јавно апелираше и го истакна овој предлог пред судечкиот совет бидејќи по писмен пат нема никаква реакција – објасни неговата адвокатка Ивана Коцевска на паузата од денешното рочиште.

- Advertisement -
Ad image

Претходно одбраната на Јованов побара да му биде заменет затворскиот притвор со домашен, поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба. Адвокатката Ивана Коцевска рече дека судот е запознаен со здравствената состојба на обвинетиот кој денеска бил спроведен од болница со отворена рана после оперативен зафат.

– Таму сите лекари рекоа дека се потребни три дена мирување. Тие се поминати и затоа е денеска спроведен. Немаме такви сознанија од затворскиот лекар, а ние постапуваме по тоа – изјави судијката Дијана Груевска Илиевски.

Јавното обвинителство рече дека ги сослушале наводите на одбраната и по разгледување на документацијата на крајот од денешната расправа ќе се произнесат за барањето, но во меѓувреме здравствената состојба на обвинетиот дополнително се влошила, по што била повиката Итна помош.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation