Background

„БИБЛИОТЕКАТА како поттикнувач на културно-уметничката дејност кај децата и младите“ во програмата за култура на Општина Охрид, под мотото „Културата расте со децата“  

„БИБЛИОТЕКАТА како поттикнувач на културно-уметничката дејност кај децата и младите“ во програмата за култура на Општина Охрид, под мотото „Културата расте со децата“  на 17 април 2026 во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Во проектот кој го реализираше д-р Лили Бошевска писател и стручен соработник- библиотекар, учествуваа тимови сите основни училишта од Општина Охрид. Преку реализираната работилница се  поттикнаа училишните библиотеки да ги  поддржуваат и промовираат уметничките таленти на децата и младите, при што се остварија следните цели:

  • Да се поттикнат уметничките таленти и да се создаде желба и самодоверба за уметничко изразување кај децата
  • Да се сензибилизираат училишните библиотекари и наставниците за важноста од давање на поддршка на уметничките активности на децата и младите
  • Да ги заинтересира децата и да ги мотивира библиотекарите за давање на поттик и стручно насочување за развивање на уметничките таленти на децата и младите.
  • Да го збогати книжниот библиотечен фонд на училишните библиотеки во Охрид со стручна и уметничка литература за библиотекари и за деца.

Проектот опфати две активности:

- Advertisement -
Ad image

Првата активност работилница за тимови од секое училиште кои се сочинети од стручен соработник-библиотекар и три ученици кои се членови на библиотекарските, литературните или уметничките секции.

На работилницата беа презентирани техники на поттикнување на читањето, како и начини за вклучување на учениците во културно-уметнички активности. Со реализација на работилниците училишните библиотекари  стануваат активни чинители во културното-уметничкото издигнување на  своите ученици, а исто така поддршка на наставниците по македонски јазик, ликовно и музичко образование.

За реализација на работилницата беа користени материјали од публикацијата „Стручни работилници: Училишните библиотекари поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите“, од д-р Лили Бошевска, која е издадена со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Работилницата се одвиваше во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

На работилниците се разви дискусија, во која учениците ги искажуваа своите ставови за културата и уметноста и нивната вклученост и искуствата во различни активности поврзани со уметничките дејности: театар, ликовна уметност, фотографија, литература, со што ги споделија своите уметнички склоности и таленти, а потоа се развиваа техники и активности за поддршка на нивните потреби од страна на библиотекарите, родителите, и наставниците, која им е потребно да ја добиваат во нивното културно- уметничко едуцирање, изградување и надградување.

2.Втората активност се состоеше од доделување на пакети како подароци кои се состојат од комплет книги за секоја училишна библиотека. Покрај интерпретирањето на техники и активности за поттикнување на културно-уметничката дејност кај децата и младите, настанот беше облагороден со дарување на пакет книги за секоја училишна библиотека и тоа: „Училишните библиотекари поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите“ и книги од драмскиот текст „Самовилата…“ од авторката д-р Лили Бошевска, со назнака дека ги обезбедува Општината Охрид, која се грижи и го поддржува културниот раст на децата, а со тоа и културниот подем на општината.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation