Топ Вести - Слушај сега
Денес напладне во атарот на село Љубаништа, охридско, на месноста позната како Љубанишко Поле, се случи тешка несреќа во која беше вклучен земјоделски трактор. Возилото ,стар тип на земјоделски трактор со портокалова боја , се превртело и останало со тркалата нагоре, директно на земјоделски пат. Трагичноста на моментот ја доловуваат и фотографиите снимени непосредно по несреќата.
Возачот на тракторот, чиј идентитет засега не е официјално потврден, веднаш по несреќата бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо” во Охрид. Според информациите со кои располага редакцијата Охридскај, состојбата на повредениот е животозагрозувачка.
Околностите под кои дошло до превртување на тракторот сè уште се предмет на увид од страна на надлежните служби. На местото на настанот излегле екипи на брза медицинска помош и припадници на МВР — СВР Охрид, кои ја обезбедиле локацијата и го документирале настанот. Истрагата е во тек.
Напомена: Информациите се засноваат на податоци достапни во моментот на објавување. Текстот ќе биде ажуриран со нови детали. Фотографијата е објавена во согласност со уредувачките стандарди за известување за несреќи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
