Британскиот принц Хари за време на посетата на Австралија изјави дека сака да биде подобар родител од својот татко, британскиот крал Чарлс III, нагласувајќи дека секоја генерација треба да го подобри начинот на кој ги воспитува своите деца.
Хари, пишува британски Телеграф, нагласи дека нема намера да ги критикува своите родители, вклучувајќи го и кралот Чарлс, но дека верува дека секоја генерација треба да го унапреди искуството на родителството.
– Родителството еволуира со текот на времето. Децата нè подобруваат – рече принцот, додавајќи дека современите услови, како што се социјалните мрежи, носат нови предизвици што не постоеле порано.
За време на посетата на добротворна организација во Мелбурн, принцот Хари отворено зборуваше за татковството и чувствата што ретко ги споделува јавно, потсетувајќи се на првите денови по раѓањето на неговиот син Арчи.
– Дефинитивно почувствував одредена одвоеност затоа што мојата сопруга беше таа што создаваше живот, а јас бев таму за да го сведочам тоа. И мислам дека многу мажи се прашуваат што имаат да понудат во тој момент, бидејќи чувствувате дека вашата работа е донекаде завршена – призна тој.
Исто така, ги откри советите што му помогнале во тој период.
– Најважното нешто што го научив е да бидам свесен за сопствените чувства откако ќе се роди детето – рече тој, не криејќи дека „тие денови и недели по раѓањето се навистина борба“.
Зборувајќи за родителството, тој нагласи дека го гледа како процес што постојано се развива.
– Родителството го гледам како нешто што се менува со текот на времето. Нашите деца се наша „надградба“ – рече тој, појаснувајќи дека тоа не значи дека новите генерации се подобри.
Тој, исто така, се осврна на работата од дома, забележувајќи дека не е секогаш лесно:
– Имам среќа што можам да работам од дома, иако понекогаш не излегува така – призна тој, потсетувајќи се како многумина ги сфатија предизвиците на таков начин на работа дури за време на пандемијата.
Tagged as:
ПРИНЦОТ ХАРИ САКА ДА БИДЕ ПОДОБАР РОДИТЕЛ ОД ТАТКО МУ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
