Вечерва (17 април) и утре (18 април) со почеток во 19:30 часот во Кино Манаки во Битола ќе се одржат две претпремиерни проекции на филмот “Железната тврдина” во режија на единствениот македонски добитник на наградата “Златна палма”, режисерот Митко Панов.
Железна тврдина е филм за кревки луѓе, кој од обична филмска работилница со штитеници на Психијатриската болница во Демир Хисар, прерасна во долгометражен филм во кој се раскажуваат најчовечките животни приказни…
Освен осум штитеници на Психијатриската болницата, во главни улоги настапуваат и Синоличка Трпкова, Пол Гордон (САД), Игор Џамбазов, Васко Тодоров (како Тошо Малерот), Стефан Шашков и Јасмина Котевска.
За разлика од физичкото здравје, менталното здравје и менталната хигиена, се чест предмет на стигматизација, додека лицата кои се соочуваат со такви проблеми истовремено се соочуваат и со феноменот на маргинализација.
Од таа перспектива, морален прерогатив на филмот „Железната Тврдина“, е поткревање на нивото на свест и информираноста, со цел надминување на таа друштвена стигма.
На проекцијата ќе бидат присутни режисерот Митко Панов, Јасмина Котевска и Стефан Шашков од Центарот за креативни индустрии „Небо“ кои по проекцијата ќе одговараат на прашања од публиката.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
