Началникот на пакистанската армија, фелдмаршал Асим Мунир, денеска пристигна во Техеран на разговори како дел од тековната кризна дипломатија насочена кон решавање на војната во Иран, јави ДПА.
Мунир се смета за еден од највлијателните посредници меѓу САД и Иран.
Иранската државна телевизија IRIB, повикувајќи се на информирани извори, објави дека се очекува Мунир да достави порака од Вашингтон. Телевизијата наведува дека пораката е поврзана со можната втора рунда преговори во пакистанската престолнина Исламабад, како и со продолжување на сегашниот прекин на огнот.
Претходната рунда разговори одржани во Исламабад заврши во неделата без никаков пробив во позициите.
Примирјето, кое стапи на сила на 8 април, треба да истече следната среда.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно сигнализираше можност за втора рунда преговори.
„Нешто може да се случи во следните два дена“, изјави тој телефонски за „Њујорк Пост“ , без да даде дополнителни детали, потсетува ДПА.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
