Background

САХАРСКАТА ПРАШИНАТА ОД ГРЦИЈА ДОАЃА И ВО МАКЕДОНИЈА

Територијата на Македонија е под влијание на изразено јужно воздушно струење кое носи значителни количества прашина и песок од Сахара, поради што атмосферата е видливо заматена и загадена, пишува македонскиот метеопрогнозер Славчо Поповски на неговиот портал Метеоаларм.

Во исто време, од југ се зголемува облачноста, што ќе донесе локални врнежи од дожд во текот на ноќта и денеска претпладне. Врнежи се очекуваат особено во западните и јужните делови од земјата, со слаб до умерен, а повремено и умерен интензитет.

Поради присуството на сахарска прашина, дождот ќе биде таканаречен „валкан дожд“, односно ќе содржи честички од песок и прашина.

- Advertisement -
Ad image

Во Скопје и околината, исто така, се очекува слаб локален дожд во текот на ноќта и денеска претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

И покрај променливото време и врнежите, пролетните температури остануваат релативно високи во Македонија, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.

Голема концентрација на прашина од Африка веќе ја зафати Грција, а појавата ќе трае до четврток, јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на метеоролошки прогнози.

Прашината од пустината Сахара, која често стигнува до Грција поради географската близина со Африка, претставува значаен фактор за загадување на воздухот во регионот.

Истражување на глобалната платформа за следење на квалитетот на воздухот IQAir покажува дека концентрацијата на фини честички прав во Грција е зголемена за 30 отсто, пренесува електронското издание „Њуз авто“.

Во центарот на Атина беше измерена концентрација од 14,7 микрограми на кубен метар. Препорачаната граница според Светската здравствена организација е 5 микрограми.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation