Европските земји размислуваат за формирање широка меѓународна коалиција без учество на САД, со цел да обезбедат непречен поморски сообраќај низ Ормускиот Теснец по завршувањето на конфликтот.
Планот предвидува координација со регионалните актери, но јасно исклучување на „завојуваните страни“, потег што открива длабока недоверба кон сегашната динамика на војната, пишува „Волстрит Џурнал“.
– Нема да ги вклучиме завојуваните страни – порача францускиот претседател Емануел Макрон.
Европската мисија е замислена како комплексна операција во 3 фази. Прво, ќе се воспостави логистика за извлекување на стотици заглавени бродови.
Потоа следува масовна операција за расчистување мини, во која ќе учествуваат повеќе од 150 европски миночистачи, бројка што ретко се гледа во ваков формат.
Во последната фаза, ќе бидат распоредени фрегати и уништувачи за воена придружба, по моделот на мисијата во Црвеното Море.
„Волстрит Џурнал“ пишуваше и за тоа дека Берлин дал зелено светло за „европско НАТО“, потег кој ја засилил европската соработка пo несогласувањата во сојузот за Гренланд и актуелните несогласувањата околу вклучувањето на европските земји во војната во Иран.
Европскиот план за Ормуз директно ги одразува растечките трансатлантски тензии. Претседателот на САД Доналд Трамп претходно ги повика европските сојузници да се приклучат кон американските воени напори, вклучително и блокада на иранските пристаништа.
Но, Европа оди по сопствен пат. Се гради паралелен безбедносен механизам, кој не се потпира на Вашингтон.
САД веќе воведоа блокада на Ормускиот Теснец. Еден кинески танкер беше принуден да сврти откако беше гонет од американски танкер.
Мерката се однесува и на поширокиот регион, вклучувајќи ги Арапскиот и Оманскиот Залив.
– Секој ирански брод што ќе се приближи ќе биде уништен – се закани Трамп.
Од друга страна, денеска беше објавено дека ирански брод поминал низ Теснецот без да се крие.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
