Премиерот Христијан Мицкоски најави нов почеток за АД Македонска пошта, откако Владата набави 100 нови возила за потребите на компанијата, оценувајќи дека станува збор за инвестиција која треба да ја подобри ефикасноста на поштенските услуги.
– Денеска зборуваме за една важна инвестиција, која не значи само нови возила, туку значи нов почеток, нова енергија и нова функционалност за еден систем кој со години беше оставен да се справува сам со предизвиците – изјави Мицкоски на промоцијата на новиот возен парк за потребите на АД Македонска пошта.
Тој нагласи дека Владата преку Министерство за транспорт реализира набавка на 100 нови возила, оценувајќи дека одлуката е донесена врз основа на реалните потреби на компанијата.
– Ова не е случајна одлука, ова е одговор на реална потреба. Просечната старост на возилата со кои досега работеше Македонска пошта е околу 15 години, тоа значи застарена опрема, чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност. Тоа значи доцнење на пратките, незадоволство кај граѓаните и намалена доверба на системот. Решивме да ставиме крај на тоа – рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека набавката е дел од поширока стратегија за модернизација на јавниот сектор.
– Оваа набавка е дел од поширока стратегија, да ги обновиме институциите, да ги модернизираме јавните услуги и да ги направиме функционални за граѓаните затоа што институциите постојат за да служат, а не да бараат оправдување – посочи тој.
На промоцијата на новиот возен парк на АД Македонска пошта се обратија и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и директорот на компанијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
