Background

Груевски нема да се врати ! Наместо екстрадиција, ВМРО-ДПМНЕ спрема апсење на Заев и Филипче?

Додека Мицкоски вети затвор за Груевски ако се врати, барање за екстрадиција не постои. Наместо тоа ,се спрема „робусна“ акција против опозицијата.

Изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека Никола Груевски ќе оди во затвор ако се врати, повторно го отвори прашањето кое македонската јавност го поставува со години: зошто Северна Македонија не поднесе официјално барање за екстрадиција на осудениот поранешен премиер?

Екстрадиција – Невозможна мисија за Филков?

За враќање на бегалецот Никола Груевски постои јасна правна процедура: Министерството за правда мора да поднесе формално барање за екстрадиција до унгарските власти. Меѓутоа, во ресорот на министерот Филков, ова се чини невозможна мисија.

Прашањето е легитимно: Ако власта навистина сака Груевски зад решетки, зошто не го направи овој чекор?

Маџар го крена прашањето  и создаде политички земјотрес во Македонија

- Advertisement -
Ad image

Политичката ситуација доби нова димензија кога Петер Маџар, по својата изборна победа, беше категоричен: Унгарија нема да биде депонија за криминалци од типот на Никола Груевски. Изјавата предизвика вистински политички земјотрес во Република Северна Македонија.

Одговорот на провладините медиуми дојде брзо , започна кампања од типот „рекол – не рекол Маџар”. Но кога целиот свет ја слушна и виде изјавата, следуваше брз рестарт: „Рекол, ама… мерцедесот на Жерновски”!

Зошто ВМРО-ДПМНЕ нема да побара екстрадиција?

Одговорот се крие во внатрешната политичка аритметика на партијата:

1. Груевски сè уште има масовна поддршка во ВМРО-ДПМНЕ Значаен дел од членската база останува цврсто лојален кон поранешниот лидер.

2. Мицкоски стравува од внатрепартиски расцеп .Барање за екстрадиција би значело директен судир со оној дел од членството кој е идеолошки и лично врзан за Груевски , ризик кој Мицкоски не е подготвен да го преземе.

Дефокус преку акција против СДСМ?

За да се скрати вниманието од прашањето за екстрадиција, партискиот пиар на ВМРО-ДПМНЕ, според анализи, иницирал „робусна“ акција насочена кон апсење на истакнати членови на СДСМ – Зоран Заев и Венко Филипче.

За таа цел, потребно е дебело да се „обработи” новоизбраниот јавен обвинител , нешто што нема да биде тешко. Меѓутоа, апсења на лидери на опозициски партии и претреси на партиски простории , сценарио видено пред еден месец во Република Србија , нема лесно да поминат, особено пред меѓународниот фактор и европските институции.

Заклучок

Додека граѓаните слушаат декларативни изјави за правда и владеење на правото, правната процедура за екстрадиција на Груевски останува блокирана , не од правни, туку од политички причини. Маџар го отвори прозорецот, меѓународниот притисок расте, а одговорот на власта изгледа сè повеќе како политичка игра отколку искрена намера за правда.

С.Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation