Background

Силна, модерна и ефикасна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството

Силна, модерна и ефикасна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на денешниот настан по повод одбележувањето на 14 април – Денот на Царинската управа.

Таа во своето видео-обраќање истакна дека Владата останува цврсто определена за модернизација и дигитализација на Царинската управа, како и за континуирано јакнење на нејзините институционални и човечки капацитети, со главна цел поефикасна наплата на буџетските приходи, олеснување на трговијата и создавање предвидлива и сигурна деловна средина.

– Царинската служба има клучна улога во олеснувањето на трговијата, администрирањето на договорите за слободна трговија, унапредување и заштита на националната економија, наплата на буџетските приходи. Доброто функционирање на секоја царинска служба претставува посебен општествен и државен интерес и приоритет – рече Димитриеска – Кочоска.

- Advertisement -
Ad image

Таа додаде дека и натаму ќе продолжат реформите во секторот царина и подобрувањето на капацитетите.

– Само така ќе одговориме на новите предизвици кои доаѓаат од брзата глобализација на трговијата и финансиските системи кои наметнуваат нови очекувања во борбата против нелегалните финансиски текови, организираниот криминал и даночната евазија. Така ќе продолжиме да остваруваме резултати кои во изминатиот период покажуваа раст на приходите при увоз и ќе изградиме систем во кој има доверба и бизнис заедницата и граѓаните. Само заеднички можеме да придонесеме системот да биде здрав, да биде ефикасен и во функција на сите – додаде Димитриеска-Кочоска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation