Background

Марџори Тејлор Грин-Заканите кон Иран се зло и лудило , повика на активирање на 25-от амандман

Најновата и вознемирувачка закака на американскиот претседател Доналд Трамп дека „веќерва ќе умре цела една цивилизација“, алудирајќи на Иран, почнува да бележи реакции и осуди во домашната јавност. Меѓу таквите и Марџори Тејлор Грин, поранешна американска конгресменка, која се раздели со Трамп по периодот во кој беше една од неговите најверни сојузници.

„Ниту една бомба не падна на Америка. Не може да убиеме цела цивилизација. Тоа е зло и лудило“, напиша Тејлор Грин на Икс и повика на активирање на 25-от амандман во Уставот на САД, со цел Трамо да се тргне од функцијата претседател.

Претставници на Демократската партија, исто така, во последните денови повикаа на активирање на 25-от амандман. Тие ги осудија заканите на Трамп за уништување на мостови, електрани и цивилна инфраструктура во Иран, што би претставувало воено злосторство.

- Advertisement -
Ad image

Дваесет и петтиот амандман на американскиот Устав ги уредува ситуациите во кои претседателот повеќе не е способен за извршување на функцијата – привремено или трајно. Најчесто се споменува делот во кој овозможува потпретседателот, со поддршка на мнозинство на членовите на владата, да ги преземе овластувањата на претседателот, доколку се процени дека тој не е во состојба да ја води држвата.Конечната одлука, во случај на спор, ја носи Конгресот со двотретинско мнозинство. Повикување на 25-от амандман во политички контекст значи барање за смена на претседателот поради проценка дека е неспособен за извршување на функцијата, што е исклучително редок и политички чувствителен процес.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation