Вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе добијат покачување на платите од пет проценти во наредните три години, соопшти Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Директорот на Фондот, Никола Мемов, денеска потпиша Анекс на Колективниот договор со претставниците на репрезентативните синдикати УПОЗ, САДУ и КСОМ. Според Анексот, вработените во Фондот ќе добијат покачување на платите од пет проценти започнувајќи со априлската плата за оваа година, а истото покачување ќе биде имплементирано и во 2027 и во 2028 година.
– Очекувам дека ова покачување на платите ќе биде стимул за поефикасно и поодговорно работење. Ние сме сервис на осигурениците и на пензионерите, а нивното задоволство од услугите што ги обезбедуваме е наш секојдневен предизвик – истакна директорот Никола Мемов.
Претставниците на синдикатите изразија задоволство од потпишувањето на овој Анекс, посочувајќи дека покачувањето на платите е важен чекор кон подобрување на стандардот на вработените и остварување на нивните права.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
