Background

Македонскиот актер Никола Ристановски ја доби наградата за најдобар актер на вечерта на јубилејните 30. Глумачки свечености „Миливоје Живановиќ“, кои се одржуваат во Пожаревац

Македонскиот актер Никола Ристановски ја доби наградата за најдобар актер на вечерта на јубилејните 30. Глумачки свечености „Миливоје Живановиќ“, кои се одржуваат во Пожаревац.

Признанието му беше доделено за улогата на професорот Мишел Бабиќ во претставата „Уна“, продукција на Звездара театар.

И стручнното жири и жирито на публиката беа едногласни во оценката дека Ристановски заслужено ја понесе наградата на втората фестивалска вечер, за улогата во претстава инспирирана од роман на Момо Капор.

- Advertisement -
Ad image

Претставата „Уна“ премиерно беше изведена во октомври минатата година на сцената „Данило Бата Стојковиќ“. Драматизацијата е на Стеван Копривица, а режијата ја потпишува македонскиот режисер Дејан Пројковски.

Ова е второ признание за Ристановски за улогата во „Уна“, по наградата за најдобро актерско остварување на 34. „Денови на Зоран Радмиловиќ“ во Заечар во 2025 година.

Костимограф на претставата е Ивана Ристиќ, додека музиката ја компонираше Горан Трајкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation