Background

 Агенциите за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс” и „Фич” го потврдија стабилниот кредитен профил на земјата во полугодишните прегледи

Агенциите за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс” и „Фич” го потврдија стабилниот кредитен профил на земјата во полугодишните прегледи, информира Министерството за финансии (МФ).

Во рамки на последните објавени извештаи, „Стандард и Пурс” го задржа кредитниот рејтинг на државата на нивото „BB-” со стабилни изгледи, додека „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на „BB+” со стабилен изглед.

– Со тоа, двете кредитни агенции го потврдуваат стабилниот кредитен профил на Република Македонија, при непроменети клучни фактори што влијаат врз рејтингот – велат од Министерството за финансии.

- Advertisement -
Ad image

„Стандард и Пурс” изврши редовен полугодишен преглед на кредитниот рејтинг на РС Македонија, во рамки на календарот за суверени рејтинзи за ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) регионот.

– Станува збор за стандардна процедура согласно европската регулатива, при што се врши оценка на тековните економски и фискални показатели, како и на пазарните движења. Во рамки на овој полугодишен преглед не е објавено ново истражувачко ажурирање, што укажува дека клучните фактори кои влијаат врз кредитниот рејтинг на државата остануваат непроменети – велат од МФ.

Минатиот месец агенцијата  „Фич” спроведе редовна ревизија на кредитниот рејтинг на државата, при што исходот од разгледувањето е „Review – No Action”, односно нема промена на постојниот кредитен рејтинг и нема да биде објавен посебен извештај.

– Потврдата на кредитните рејтинзи претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономските политики, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата редовно и навремено да ги сервисира своите финансиски обврски. Воедно, таа укажува на континуитет во спроведувањето на економските политики и отпорноста на економијата во услови на зголемена глобална неизвесност – велат од Министерството за финансии.

Според оценките на кредитните агенции, економскиот раст е поддржан од засилените јавни инвестиции, особено во инфраструктурни проекти, како и од растот на потрошувачката на населението.

Кредитниот рејтинг претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари, бидејќи го одразува нивото на ризик и довербата во економските политики на државата.

-Потврдата на рејтинзите од страна на двете водечки меѓународни кредитни агенции претставува значаен сигнал за доверба во економските политики и охрабрување за продолжување на реформите, со цел обезбедување одржлив економски раст и подобар животен стандард за граѓаните – изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation