Background

Членките на ОПЕК симболично го зголемуваат производството од мај

Осум земји што го сочинуваат јадрото на групата производители на нафта ОПЕК+  изразија загриженост поради нападите на Иран врз енергетските капацитети и проблемите во снабдувањето со нафта поради војната на Блискиот Исток.

„Враќањето на оштетената енергетска инфраструктура до полн капацитет е скапо и трае долго, што влијае на целокупното снабдување“, се вели во заедничка изјава по онлајн состанокот на Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман.

Тие, исто така, ја истакнуваат „критичната важност на заштитата на меѓународните поморски патишта за да се обезбеди непрекинат проток на енергија“ – алудирајќи на Ормускиот теснец, која Иран ја блокира како реакција на нападите на САД и Израел.\

- Advertisement -
Ad image

Членки на ОПЕК+ најавија дека ќе го зголемат производството на нафта во мај за 206.000 барели дневно.

-Со оглед на блокадата на Ормускиот теснец, низ која минува околу 20% од глобалната трговија со нафта, овој потег е повеќе симболичен отколку практичен, бидејќи пазарот на нафта се соочува со проблем во снабдувањето, а не со недостиг на производство – смета Карстен Фрич, аналитичар во германската Комерцбанк.

– Голем дел од расположивата понуда на нафта моментално оди во Азија – во Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Азија моментално цица сè како правосмукалка – вели Фрич.

Според Меѓународната агенција за енергија, во март земјите во регионот на Персискиот Залив го намалија своето дневно производство на нафта за најмалку 10 милиони барели, или речиси 10% од глобалната побарувачка, наведувајќи го ограничениот капацитет за складирање на нафтата што не може да помине низ Ормускиот теснец.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation