Грција се дави под ударот на циклонот „Ерминио“. Дожд, ветрови и поплави ја парализираа земјата. Улици се претворија во реки, а сообраќајот запре. Училиштата се затворени.
Силниот систем донесе и сахарска прашина. Таа дополнително ја влоши состојбата, особено на Крит и на Кикладите. Во Атина властите апелираат на претпазливост. Граѓаните ги ограничуваат движењата. Пожарникарите веќе бележат десетици интервенции.
Во Пахија Амос, моќно торнадо превртело камион. Возилото требало да товари земјоделски производи. Ова е четврти ваков инцидент годинава. Ветровите не попуштаат.
Рибарите алармираат дека пристаништето е небезбедно, додека граѓаните го избегнуваат крајбрежјето.
Порос и Спата се под вода. Улиците личат на диви водопади. Сообраќајот е целосно прекинат.
Во Атина, противпожарната служба примила 133 повици. Интервенциите вклучуваат сечење дрвја, отстранување предмети и испумпување вода. Дрвја паѓале врз далноводи и автомобили.
Крит е покриен со густа сахарска прашина. Истовремено врнат силни дождови. Патишта се затворени. Сообраќајот е во прекин. Слична е состојбата и на Кикладите. Властите се во состојба на готовност поради ризик од поплави и лизгање на земјиште.
Заменик-градоначалникот на Родос, Михалис Томатос, изјави:
– Механизмите за цивилна заштита, противпожарната служба и волонтерите се целосно ангажирани и веднаш реагираат на сите проблеми.
Ветровите таму достигнале над 100 км/ч. Сепак, избегнати се поголеми штети.
Метеоролозите предупредуваат на нов бран невреме. Најпогодени ќе бидат Атика, Пелопонез, Крит и Додеканезите. Се очекуваат поројни дождови и грмотевици. Сахарската прашина ќе се задржи до петок.
Температурите во Грција ќе се движат од 10 до 19 степени.
Tagged as:
ветрови и поплави ја парализираа земјата Грција се дави под ударот на циклонот „Ерминио“. Дожд
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
