Европската Унија доби 1,4 милијарди евра приход од каматата на замрзнатиот имот на Централната банка на Русија, средства кои ќе бидат насочени кон финансиска поддршка на Украина, соопшти Европската комисија.
Според соопштението, ова претставува четврта транша од каматата на замрзнатиот имот на руската централна банка, блокиран согласно санкциите на ЕУ воведени поради војната против Украина.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека парите ќе се користат за функционирање на украинската држава, зачувување на јавните услуги и поддршка на вооружените сили.
– Нашата посветеност на победата и слободата на Украина останува непоколеблива – изјави Фон дер Лајен.
Планирано е 95 проценти од средствата да бидат насочени преку механизмот за заем за Украина, кој обезбедува неповратна поддршка за отплата на макрофинансиската помош од ЕУ и заеми од земјите од Г-7 во вкупна вредност од 45 милијарди евра. Останатите пет проценти ќе се доделат на Европскиот мировен фонд за итни воени и одбранбени потреби на Украина.
Комесарот за економија на ЕУ, Валдис Домбровскис, оцени дека на овој начин санкциите против Русија се претвораат во конкретна помош за Украина.
– Со овој потег, Европа покажува дека Русија ќе ги сноси последиците, бидејќи средствата од нејзините резерви се користат за опстанок и обнова на Украина – посочи Домбровскис.
Замрзнувањето на средствата на Централната банка на Русија е дел од поширок пакет санкции што ЕУ и нејзините членки ги воведоа како одговор на руската агресија. Забраната за трансакции со овие средства доведе до акумулација на значителни приходи, кои се користат за поддршка на Украина.
Советот на ЕУ во февруари 2024 година одлучи дека институциите што управуваат со овие средства мора да ги распределат и чуваат генерираните приходи, а во мај беше усвоена законска рамка за нивно користење во корист на Украина. На крајот на 2025 година беше донесена одлука со која трајно се забранува префрлање на замрзнатите средства од руската Централна банка на Москва.
Tagged as:
4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОД РУСИЈА ЕУ НАСОЧУВА 1
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
