Background

Тел Авив возврати со жестоки напади врз Техеран и Бејрут

Иран изврши нов ракетен напад врз Израел, при што, според израелски извори, биле употребени и касетни бомби. Во нападот се повредени најмалку 14 лица, меѓу кои и 11-годишно девојче кое е во тешка состојба. Нападот доаѓа откако синоќа Иран се закани со голем напад врз американските компании во регионот.

Израелската војска соопшти дека нападот започнал по речиси осум часа затишје. Ракети биле лансирани од Иран кон централниот дел на земјата. Сирените се вклучиле низ повеќе региони, а нов бран предупредувања следел за помалку од еден час. Алармите биле активирани во северниот и  во централниот дел на Израел.

Кој користи касетни бомби?

Службите „Маген Давид Адом“ соопштија дека девојчето е погодено од шрапнели. Меѓу повредените се и 13-годишно момче и 33-годишна жена.

- Advertisement -
Ad image

Портпаролот Заки Хелер изјави дека најмалку 12 други лица се повредени на истата локација. Израелските медиуми објавија дека се користени касетни бомби, кои експлодираат во воздух и распрснуваат експлозивни елементи на широка површина.

Иран и Израел и претходно се обвинуваа за употреба на вакво оружје.

 

 

САД гаѓаат бункери, Израел гаѓа клучни фабрики

Израел возврати со напади врз цели во Иран, вклучително и во Техеран. Експлозии се слушнале во повеќе делови од градот рано утрово. Иранските државни медиуми објавија дека е активирана воздушната одбрана.

Централната команда на САД објави снимки од ноќните напади, наведувајќи дека прецизно оружје било користено за гаѓање подземна воена инфраструктура.

Израел, пак, тврди дека погодил фабрика поврзана со производство на хемиско оружје. Иран возвраќа дека станува збор за фармацевтски производствен погон.

 

 

Погоден најголемиот терминал во Иран

Погодено е и пристаништето Шахид Хакани во Бандар Абас, најголемиот патнички терминал во Иран.

– Станува збор за криминален напад врз цивилна инфраструктура – изјави заменик-гувернерот Ахмад Нафиси.

Според иранските власти, во нападот нема жртви.

Удари во Бејрут, цел на Хезболах

Израел изврши напади и во Бејрут. Либанското министерство за здравство соопшти дека загинале најмалку седум лица. Израелската војска тврди дека целта биле висок командант на Хезболах и друг висок член на групата, но без потврда за исходот.

Бунтовничката милиција на Хутите од Јемен исто така се огласи. Хутите тврдат дека го ракетирале Израел во координиран напад со Иран и со групата Хезболах од Либан.

Танкер погоден, жртва во Емиратите

Катарската компанија „Катар Енерџи“ потврди дека танкер за течен природен гас бил погоден во ракетен напад.

„Нема повредени членови на екипажот и нема влијание врз животната средина.“

Во Обединетите Арапски Емирати загина едно лице откако остатоци од пресретнат дрон паднале на земја.

Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран трае повеќе од еден месец. Нападите започнаа кон крајот на февруари со удари врз ирански воени и нуклеарни цели. Судирот се прошири и на поморскиот сообраќај во Ормускиот теснец.

Крај за 2 недели или нови услови во Теснецот?

Додека растат тензиите од САД пристигнуваат мешани сигнали. Американскиот претседател утрово изјави дека можно е „да се заврши работата“ за 2 недели и дека главната цел, Иран да не поседува нуклеарно оружје, е постигната. Слична порака стигна и од американскиот државен секретар Марко Рубио.

Од друга страна, шефот на дипломатијата на Иран Абас Арагчи вели дека Иран е крајно претпазлив и дека не им веурва на САД. Арагчи вели дека постојано добива пораки од специјалниот пратеник на Трамп Стив Виткоф, но дека тоа не значи дека Иран преговара.

Иран повеќепати најави дека ќе постави свои услови за премин во Ормускиот Теснец. Иранскиот парламент неодамна одобри нацрт-закон кој предвидува да им се наплаќа на танкерите во Теснецот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation