Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека „Куба е следна“ за време на говорот на инвестициски форум во Мајами, во кој го пофали успехот на американските воени акции во Венецуела и во Иран.
Иако Трамп не прецизираше точно што планира да направи во однос на таа островска држава, тој често изјавува дека верува оти владата во Хавана, соочена со тешка економска криза, е на работ на колапс.
Во последните недели, неговата администрација отвори преговори со делови од кубанското раководство, додека самиот Трамп наговести дека воената акција е можна.
– Јас ја изградив оваа голема војска. Реков: „Никогаш нема да мора да ја користите“. Но, понекогаш мора да ја користите. И Куба, патем, е следна. Но, преправајте се дека не го кажав тоа. Преправајте се дека не го кажав – рече вчера Трамп.
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел призна дека земјата води разговори со Соединетите Американски Држави за да се обиде да избегне можна воена конфронтација. Кубанската економија е сериозно погодена од прекините во увозот на нафта, од кои зависи работењето на електраните и на транспортот.
Пред американската операција во која сега соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро беше уапсен во јануари, Венецуела обезбедуваше голем дел од потребите на Куба за нафта, но новата влада во Каракас, под притисок од Вашингтон, ги суспендираше тие испораки.
Порано во март, Трамп рече дека Куба би можела да биде предмет на „пријателско преземање“, пажа додаде: „Можеби нема да биде пријателско преземање“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
