Background

Дурмиши вели 30 мобилни инспекциски тимови вршат надзор во трговијата

Мерките што Владата ги презеде во изминатиот период за стабилизирање на цените и заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати, изјави денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, одговарајќи на пратеничкото прашање на Оливер Спасовски за поскапувањата на основните производи.

Министерот посочи дека глобалните пазарни потреси неминовно се одразуваат и врз домашниот пазар, но државата навреме реагирала со намалување на данокот на додадена вредност за нафтата од 18 на 10%, како и со континуирано следење на цените на прехранбените производи.

Тој нагласи дека државава и понатаму има едни од најниските цени на нафтените деривати во регионот и дека како земја со голема увозна зависност е чувствителна на надворешните ценовни шокови.

- Advertisement -
Ad image

За спречување евентуални злоупотреби од страна на трговците, Дурмиши информира дека Државниот пазарен инспекторат распоредил 30 мобилни тимови кои вршат засилен надзор врз целиот синџир – од производителите до трговците. До овој момент, како што рече, не се утврдени енормни зголемувања на цените.

– Испраќаме јасна порака дека нема да има толерирање на неосновано покачување на цените или маржите на добивка. Доколку пристигнат индикации за необјасниви поскапувања, подготвени сме веднаш да реагираме-рече Дурмиши.

Тој додаде дека инфлацијата во последните два месеци е во опаѓање и што, според него, е показател за стабилизирање на економските текови.

-Не тврдам дека ситуацијата е идеална, но факт е дека во краток период успеавме да создадеме стабилност и предуслови за понатамошен раст. Нема да дозволиме кризата да се злоупотреби на штета на граѓаните – рече Дурмиши.

Пратеникот Спасовски, кој го постави прашањето, реагираше дека министерот нуди „генерални флоскули“ и дека состојбата на терен не кореспондира со она што го презентира Министерството.

-Мислам дека освен генерални флоскули кои ги соопштувате во јавноста и дека немате информации што се случило, односно не сте земале информација дека се зголемуваат цените, еве, јавно објавено е колку поскапеа зејтинот, кафето, меленото месо, пилешкото, млекото и јајцата во само една недела -рече Спасовски.

Тој додаде дека секој граѓанин го чувствува растот на цените и дека министерот може лесно да се увери. Во однос на изјавата на министерот дека Македонија има најниски цени на горива во регионот, Спасовски рече дека тоа не е факт и дека во моментот дизелот во Словенија е 1,52, а во Македонија 1,55 евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation