Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е почувствуван на Света Гора, малку по 9 часот синоќа. Земјотресот бил почувствствуван и во Софија и во делови од Македонија.
Според грчките медиуми, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 8 километри северозападно од Кареја на Света Гора, додека длабочината на жариштето била на 5 километри.
Според информациите, земјотресот бил почувствуван во Солун, а потоа следеле уште три последователни потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер.
Според информациите на Вориа, во Кареја се појавиле бројни пукнатини на старите згради.
Во моментот на земјотресот во храмот се служела служба, а светогорските монаси и поклоници во страв излегле надвор.
– Беше прилично силен земјотрес и почувствувавме дека потресот доаѓа одоздола нагоре. Траеше и нè исплаши. Лустерите се нишаа ваму-таму, а некои ситни предмети паднаа. Потоа следеа земјотреси со пократко траење и послаб интензитет. Генерално, владее вознемиреност – изјавиле монасите за Вориа.
Штети пријавуваат монаси во старите скитови и келии, додека поклониците велат дека земјотресот траел долго и дека на крајбрежните места бил проследен со татнеж. За јачината на татнежот сведочи и видео кое го објави Вориа, снимено со безбедносна камера близина на манастирот Есфигмен.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
