Background

Владата е меѓу првите во Европа кои ги скратија давачките за бензини

Ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за бензините, но враќаме и 2,5 милијарди евра стари долгови
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија истакна дека ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за горивата и како и тоа дека ако некогаш се коленичеше за помош, сега ние сме тие кои рефлектираат стабилност и помагаат на соседите, при што посочи дека не треба да се заборави дека оваа влада враќа 2,5 милијарди евра стари долгови на претходните влади.

– Се обидувам врз основа на оние информации кои ги имам и добивам од страна на институциите да ги антиципирам предизвиците и со свои предлози да излезам пред колегите во Владата да дебатираме и носиме решенија, и тие решенија треба да бидат во насока да го олеснат животот на граѓаните во услови на криза, а не со внесување на дополнителна паника или параноја да им го правиме и онака тешкиот живот, уште потежок”, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека не потреба да се прави естрада во ваква ситуација, туку треба Владата да си ја врши работата да ги антиципира предизвиците и да носиме решенија и тоа Владата го прави во моментот.

- Advertisement -
Ad image

– Ние како единствена влада во регионот и една од ретките две или три во Европа, повлековме чекор кој е директно од буџетот со намалување на ДДВ, робусен чекор иако пред тоа бевме свесни дека тоа ќе има генерално фискални импликации кои можеби ќе ни бидат товар. Но, тоа не е единствениот предизвик со кој ние се соочуваме оваа година. Ние како влада треба да вратиме 2,5 милијарди евра стари долгови кои ги направиле претходните влади. Имаме колективни договори кои треба да ги испорачаме за нашите колеги коишто своите примања ги добиваат од владата или владините институции, што значи зголемување на платата. Излезе Државниот завод за статистика во јануари повторно имаме близу 9% пораст на платата споредено со истиот месец минатата година. Значи продолжуваат платите да растат иако од страна на опозицијата имаше хистерија дека не растеле платите. Ја имаме кризата во заливот, ги имаме овие фискални мерки кои директно значат намалување на цената на горивото – потенцираше премиерот Мицкоски.

Покрај овој предизвик, премиерот Мицкоски нагласи дека тоа што не го гледаат граѓаните, а кое владата го работи е исто така и враќањето на оној т.н. солидарен данок на мината влада, дојде времето кога сметката треба да се врати.

– Сето ова се сериозни предизвици со кои ние се соочуваме, од друга страна притисоците промена на Устав, од друга страна безбедносни ризици коишто мораме да ги антиципираме и да внимаваме. Така што сето ова како тема мора да се владее, да се претпостави, да се антиципира и да се понудат решенија – изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски вели дека најлесно е да се создава параноја и да се плашат граѓаните како што прават други, но владата тоа што го прави е да внесе доза на оптимизам, ведрина дека се владее состојбата и дека владата знаеме што прави дека прави добро за граѓаните.

– Мислам дека тоа го правиме засега, ја одржавме ценовната стабилност, имаме најниски цени на горивата во регионот и едни од најниските во Европа, тука зборувам на бензините и дизел горивото. Голем дел од граѓаните на соседните земји доаѓаат да полнат гориво кај нас. Ако во времето симбол за македонските граѓани и за соседните држави беше ние да коленичиме и бараме милост, сега е поинаква состојбата, ние сме тие кои рефлектираат стабилност, сигурност, ние сме тие коишто нудиме решенија за граѓаните од соседните држави – дециден е премиерот Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation