Background

ДАНСКАТА ПРЕМИЕРКА Е СПРЕМНА ЗА НОВ МАНДАТ, НО НЕМА АПСОЛУТНО МНОЗИНСТВО

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека е подготвена повторно да ја преземе функцијата претседател на Владата по вчерашните парламентарни избори на кои победи левиот блок, но не успеа да освои апсолутно мнозинство.

– Повторно сум подготвена да ги преземам одговорностите како премиерка на Данска за следните четири години – изјави Фредериксен, чија партија ги забележа најлошите резултати од 1903 година досега. Таа призна дека очекувале пад на поддршката со оглед на тоа што се појавуваат на избори по трет пат, но изрази жалење што не добиле повеќе гласови.

Според конечните резултати, владејачките Социјалдемократи се на првото место, но со значителен пад. Со освоени 21,9 отсто од гласовите, тие го забележаа својот најслаб резултат во повеќе од еден век, што е пад во споредба со 27,5 отсто во 2022 година. Петте партии од левиот блок освоија вкупно 84 од 179 места во парламентот, што е недоволно за мнозинство, додека десно-оријентираните партии освоија 77 места.

- Advertisement -
Ad image

Одлучувачката улога во преговорите за новата влада ќе ја имаат центристите предводени од министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен, кои освоија 14 мандати. Расмусен веќе упати повик до поранешните партнери да се приклонат кон центарот, критикувајќи го нивното „брзање кон екстремите“.

На овие избори, левичарската Социјалистичка народна партија за првпат стана втора по големина сила со 11,6 отсто, додека десничарската Данска народна партија тројно го зголеми својот резултат достигнувајќи 9,1 отсто. Исходот би можел да зависи и од автономните територии Гренланд и Фарски Острови, кои даваат по двајца пратеници. Додека Фарските Острови веќе ги реизбраа своите претставници (по еден за двата блока), во Гренланд се очекуваат конечните гласови кои би можеле да го натежнат тасот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation